За нас

Деканска управа

Деканската управа, на секој факултет поединечно, ја сочинуваат: Деканот, Продеканите, раководителите на институтите и двајца претставници на студентите.

Деканската управа, во рамките на својата надлежност ги подготвува и ги предлага актите и материјалите за прашања за кои одлучуваат Наставно-научниот совет и Деканот,одлучува за рационално вршење на дејноста на факултетот кој е во состав на Универзитетот, одлучува за издавачката дејност на факултетот кој е во состав на Универзитетот, го утврдува предлог-статутот и другите општи акти, му предлага на Деканот мерки за унапредување на дејноста на факултетот кој е во состав на ЕУРМ, формира постојани и повремени работни тела за работите од своја надлежност; врши и други работи определени со овој Статут или за кои ќе биде овластена од Деканот.

Деканската управа работи на седници.

Деканската управа ја свикува и со седниците претседава Деканот.

Деканската управа може да работи доколку се присутни повеќе од половината од вкупниот број на членови.

Одлуките се донесуваат доколку за нив гласале повеќе од половина од присутните членови на Деканската управа.

Одлуките донесени од страна на деканската управа се извршни по добиената писмена согласност од страна на Управниот одбор.

Управниот одбор има право да стави вето на одлука на Деканската управа ако смета дека е тоа од интерес за факултетот кој е во состав на Универзитетот.