За нас

Генерален секретар

М-р Елизабета Стамевска

Функција:

Отвореноста за соработка со студентите, за помош и поддршка е проткаена низ целокупното работење на Генералниот секретар. Во рамките на остварувањето на правата и обврските, студентите комуницираат со Генералниот секретар за општи и принципиелни, но и за конкретни прашања кои бараат образложен, навремен и нормативно втемелен одговор, односно сугестија, препорака и насока.

Генералниот секретар на Европскиот Универзитет – РМ врши системско обединување и функционално координирање на две големи целини од Универзитетот: активностите поврзани со наставниот процес и вкупната логистичка поддршка од стручно-административните служби. Од тоа произлегува редовното поврзување на дејности т.е. преку кои студентите ги реализираат суштинските и организациските активности со идеја и определба за навременост, уредност, разбирање и примена на нормативни решенија. Постојаната комуникација на Генералниот секретар со Управниот одбор, Сенатот, Ректорската управа, поединечно со нејзините членови, како и со другите раководители на сегментите во системот, овозможува усогласено дејствување на целиот универзитетски организам.