За нас

М-р Елизабета Стамевска

М-р Елизабета Стамевска
Генерален секретар
Канцеларија:
408 трет кат
Телефон:
389 2 3202007
E-mail:
elizabeta.stamevska@eurm.edu.mk

Кратка биографија

Родена е на 24. 05. 1969 година, во Скопје, каде што завршува Правен факултет .Постдипломските студии ги продолжува на Европски Универзитет Република Македонија каде магистрира на Факултетот за Економски Науки на насока МБА Менаџмент.

Работно искуство

Работниот ангажман го започнува во Цептер Интернационал Македонија, каде што како менаџер ги раководи и координира тимовите за продажба на производите.  Учествува на голем број семинари и презентации, така што во рамките на компанијата, од страна на генералниот менаџмент и директориумот  прогласена е за најдобар тим- менаџер за 1998 година.

Во 2001 година , својата професионална кариера ја продолжува како директор на ММКолеџ – Скопје. Во 2003 година е назначена за заменик-директор на Факултетот за општествени науки. Од 2005 година работи како заменик -директор на ЕУРМ.  Во 2007 е назначена за заменик-директор на Првиот Приватен Европски Универзитет – Република  Македонија.

Во Јануари 2009 година е избрана за Генерален секретар на Универзитетот.

Во работата на ПП Европски универзитет е вклучена уште од неговото основање, така што нејзината професионална преокупација, во континуитет,  целосно е насочена кон негово промовирање и развој, како прва приватна водечка високообразовна институција во Република Македонија .

Покрај својот професионален ангажман активно  партиципира  и во поширокото општествено опкружување.

Член е на Евро-Атланскиот Совет на Македонија.

Учествува во организацијата на голем број хуманитарни акции.

Во таа насока, основач е и прв претседател на граѓанското здружение  Лионс Клуб Алфа, кој е интегрален дел од Лионс Клубс Македонија и големата светска хуманитарна организација Лионс Клубс Интернационал.

Исто така, е еден  од иницијаторите, кои го формираат  Лео Клуб Алфа Јуниор, каде што членуваат млади луѓе , чија основна ориентација е хуманоста.