Наставно-научниот совет е орган на управување и стручен орган на факултетите кои се во состав на Универзитетот.
Наставно-научниот совет го сочинуваат редовните и вонредните професори и доцентите на секој факултет поединечно.
Наставно-научниот совет одлучува полноважно, доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број негови членови, а одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови. На седниците на Наставно-научниот совет можат да присуствуваат без право на глас и членовите на Управниот одбор и Директорот. При изборот во наставно-научни звања не учествуваат асистентите, помладите асистенти и студентите.
Седниците на Наставно-научниот совет ги подготвува, свикува и раководи Деканот, а во случај на отсуство и спреченост на Деканот, еден од Продеканите.
НАДЛЕЖНОСТИ
Наставно-научниот совет, како стручен орган на факултетите на Сенатот му:
- предлага четиригодишна програма за развој и годишна програма за работа;
- му предлага програма за научно-истражувачка дејност;
- му предлага студиски програми и предметни програми;
- врши избор во наставно-научни и наставно-стручни звања и му ги предлага на потврдување на Сенатот;
- формира рецензентски комисии за изготвување реферати за избор во наставно-научни звања;
- му предлага постапка за воведување на последипломски и докторски студии;
- му предлага унапредување на наставната, научно-истражувачката и применувачката дејност;
- му го предлага бројот на студенти за запишување во прва година на додипломските, последипломските и докторските студии;
- му предлага преземање на мерки за создавање и усовршување на наставно-научниот подмладок и за работа со особено успешни и талентирани студенти;
- му предлага избор и разрешување на членови на Комисијата за евалуација на ЕУРМ и членови на подкомисиите за евалуација на катедрите;
- му предлага донесување Упатство за евалуација на ЕУРМ;
- му предлага формирање повремени или постојани комисии и други работни тела за одделни прашања од својата надлежност;
- му предлага организирање на домашни и меѓународни собири, симпозиуми, советувања и слично;
- му предлага одобрување на наставно-научни и за стручни престои во странство;
- му предлага унапредување на библиотеката, библиотечно-информацискиот систем и на остварувањето на библиотечно-информациската и документациската дејност, како и на компјутерската мрежа;
- му предлага донесување општи акти;
- му предлага избор и разрешување на Декан и Продекани;
- преглага избор и разрешува раководители на Катедри на предлог на колегиумите на Катедрите;
- му предлага донесување одлука за потреба за вработување наставно-научни работници и соработници и распишување конкурс за избор во наставно-научни и научни звања;
- му предлага донесување одлука за формирање на организациони единици во седиштето и надвор од седиштето на ЕУРМ.
Наставно-научниот совет врши и други работи утврдени со Закон и со општи акти на Универзитетот.