проф. д-р Бојо Андрески
Надлежности
Управниот одбор е орган на основачот на Универзитетот. Управниот одбор на Универзитетот:
- го одобрува буџетот на Универзитетот;
- по потреба врши ребаланс на буџетот;
- ја усвојува завршната сметка на Универзитетот;
- ја утврдува систематизацијата на работните места на Универзитетот;
- одлучува за користење на имотот за вршење на дејноста на Универзитетот;
- одлучува за исплати над 5.000 евра во денарска противредност;
- дава согласност, одобрува или има и други овластувања утврдени со овој Статут и другите акти на управување;
- го усвојува годишниот извештај за работа на Универзитетот,
- усвојува годишен финансиски план на Универзитетот,
- донесува годишна финансиска пресметка и годишен завршен финансиски извештај на Универзитетот,
- донесува програма за инвестиции на Универзитетот и единиците во неговиот состав.
Покрај Претседателот и другите членови, во рамките на Управниот одбор функционира и Генералниот директор на Универзитетот.