За нас

Ректор

Д-р Панче Јовановски

Ректорот е раководен орган на Универзитетот кој се избира од редот на редовните професори, за време од четири години, со право на уште еден избор, а по предлог на Управниот одбор. Ректор на Универзитетот е проф. д-р Панче Јовановски. Ректорот го претставува и го застапува Универзитетот во земјата и во странство. Вршењето на должноста Ректор е неспоиво со вршењето на друга државна функција или функција во политичка партија. Универзитетот има еден или повеќе Проректори, кои се избираат од редот на лицата избрани во наставно-научни звања, по предлог на Управниот одбор, на начин и постапка утврден со Статутот на Универзитетот. Проректор на Универзитетот е проф. д-р Алекса Стаменковски.

Ректорот во рамките на раководењето со Универзитетот:

  • ја усогласува високообразовната, уметничката, научно-истражувачката и применувачката дејност и друга работа на  универзитетот,
  • ги свикува и претседава со седниците на сенатот,
  • ги извршува одлуките и заклучоците на Сенатот и на Управниот одбор,
  • дава иницијатива за седница и го свикува  Сенатот,
  • му поднесува на Сенатот и на Ректорската управа предлози и одлуки и други општи акти и заклучоци за прашања чие разгледување и решавање е во нивна надлежност,
  • промовира доктори на науки;
  • доделува награди на Универзитетот, со согласност на Управниот одбор,
  • избира, суспендира и разрешува Декан, со согласност на Управниот одбор,
  • назначува времен вршител на должност Декан, во согласност со Управниот одбор,
  • ја води меѓународната соработка на Универзитетот и иницира соработка со други универзитети во земјата и странство
  • врши други работи утврдени со закон, Статутот и други општи акти на Универзитетот.