Ректорската управа ја сочинуваат Ректорот – проф. д-р Лидија Наумовска, Проректор проф. д-р Алекса Стаменковски, Проректор проф. д-р Биљана Перчинкова, Деканите на факултетите – доц. д-р Савица Димитриеска, проф. д-р Ристо Христов, проф. д-р Живко Андревски, доц. д-р Слободан Шајноски, Доц. Д-р Јана Манева Чупоска, проф. д-р Славјанка Оџаклиевска и Доц. Д-р Стојан Славески како и двајца претставници од студентите.
Во работата на Ректорската управа учествуваат Генералниот директор и Генералниот секретар на Универзитетот.
Со Ректорската управа раководи Ректорот.
Ректорската управа ги врши работите од својата надлежност на седници.
Седниците на Ректорската управа се јавни.
Ректорската управа може да одржува свечени седници по повод јубилеи, прослави и други случаи.
Ректорската управа, во рамките на својата надлежност:
- ги подготвува и ги предлага актите и материјалите за прашања за кои одлучува Сенатот;
- ги предлага студиските програми на факултетите во неговиот состав;
- ги предлага студиските и предметните програми за интердисциплинарните и мултидисциплинарните студии од прв, втор и трет циклус што непосредно ги организира Универзитетот;
- одлучува за интердисциплинарните и мултидисциплинарните научно-истражувачки проекти, по претходна согласност на Управниот одбор;
- во согласност со Управен одбор, му предлага на Сенатот кандидат за Генерален секретар на Универзитетот;
- избира кандидати за интеруниверзитетската конференција со тајно гласање;
- предлага организирање на меѓународна соработка на Универзитетот;
- го уредува издавањето на дипломи и други документи за завршени студии на високо образование;
- ги објавува сите студиски програми и општите услови за запишување и студирање, пред објавувањето на конкурсот;
- формира комисија за издавачката дејност на Универзитетот;
- ги усогласува посебните и заедничките интереси од значење за организирање на наставно-образовната, научно-истражувачката и уметничката дејност;
- се грижи за остварување на Програмата за високообразовна дејност во Република Македонија;
- се грижи за развојот на научно-истражувачката дејност на Универзитетот;
- донесува поблиски одредби за употребата на обележјата на Универзитетот;
- предлага изработка на Правилник за одземање на добиени дипломи на Универзитетот;
- зазема ставови и донесува заклучоци за прашања од заеднички интерес на факултетите, што се однесуваат на високообразовната, научно-истражувачката, уметничката и применувачката дејност;
- донесува поблиски одредби за организацијата и одржувањето на единствениот информативен систем на Универзитетот;
- донесува поблиски одредби со кои се утврдуваат основите на единствениот библиотечно-информативен систем;
- предлага доделување титула почесен доктор на науки на Универзитетот;
- предлага издавање јавни гласила на Универзитетот;
- врши и други работи определени со закон, со овој Статут, со актите на Универзитетот.