За нас

Универзитетски сенат

Универзитетскиот Сенат е орган на управување и стручен орган на Универзитетот, кој го сочинуваат претставници од факултетите, избрани со тајно гласање.

Универзитетскиот Сенат, според новиот закон за Високо образование, го свикува и со него раководи Ректорот проф. Д-р Лидија Наумовска.

Членови на универзитетскиот Сенат се: проф. д-р Здравко Стојаноски, проф. д-р Крсте Дејаноски, Проф. д-р Стојан Кузев,   Проф. д-р Ленче Петреска, доц. д-р Павлина Стојанова, доц. д-р Иван Бимбиловски, доц. д-р Луси Караниколова, доц. д-р Игор Сековски.

Сенатот како орган на управување:

  • донесува Статут и други општи акти; во согласност со законот и со одобрение од Управниот одбор
  • избира и разрешува Ректор и Проректори; со претходна согласност на Управниот одбор
  • го потврдува изборот на Деканите
  • донесува Одлука за формирање на организациони единици во седиштето и надвор од седиштето на ЕУРМ, организации и трговски друштва, по претходна согласност од Управниот одбор.
  • донесува четиригодишна програма за развој и годишна програма за работа;
  • донесува програма за научно-истражувачка дејност;
  • утврдува студиски програми и предметни програми
  •  врши потврда на избор во наставно-научни и наставно-стручни звања;
  • спроведува постапка за воведување на втор и трет циклус студии;
  • презема мерки и одлучува за унапредување на наставната, научно-истражувачката и применувачката дејност на факултетите, во согласност со законот и со одобрение од Управниот одбор.
  • го предлага бројот на студенти за запишување во прва година на прв, втор и трет циклус студии;
  • презема мерки за создавање и усовршување на наставно-научниот подмладок и за работа со особено успешни и талентирани студенти;
  • избира и разрешува членови на Комисијата за самоевалуација на ЕУРМ и членови на подкомисиите за евалуација на факултетите.
  • донесува Упатство за самоевалуација на Универзитетот;
  • формира повремени или постојани комисии и други работни тела за одделни прашања од својата надлежност;
  • организира домашни и меѓународни собири, симпозиуми, советувања и слично, по предходно одобрение од Управниот одбор;
  • одлучува за меѓународната соработка, со согласност од Управниот одбор.
  • дава согласност за наставно-научни и за стручни престои во странство, по претходно одобрение од Управниот одбор;
  • одлучува за библиотеката, библиотечно-информацискиот систем и за реализирање на библиотечно-информациската и документациската дејност, како и за компјутерската мрежа;
  • донесува Деловник за работа на Сенатот, одобрен од Управниот одбор.
  • презема мерки за унапредување и заштита на стандардот на студентите и вработените
  • ги утврдува научните, односно уметничките области, наставните подрачја и области како и наставните дисциплини за кои единиците во неговиот состав вршат високообразова дејност,
  • дава мислење за спојување, поделба или присоединување на одделни единици на универзитетот.
  • утврдува мислење за престанокот на потребата од постоење на определени единици на универзитетот и за нивното трансформирање,
  • дава мислење и поднесува предлози на Програмата за високообразовна дејност и дава мислење по годишната програма за развој на единиците во неговиот состав,
  • дава мислење и поднесува предлози на националната програма за научно-истражувачката дејност на Република Македонија,
  • ги избира редовните професори,
  • одлучува за доделувањето на титула почесен доктор на науки (aosxog popops caisa) и звањето почесен професор на универзитетот (professor popops caisa),
  • дава мислење на интеруниверзитетската конференција по нормативите и стандардите за вршење на високообразовната дејност,
  • донесува правилник за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставни и соработнички звања, со согласност на Управниот одбор.
  • донесува Правилници за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трите циклуси на студии, со согласност на Управниот одбор.
  • донесува Правилник за единствениот кредит систем и преминот од една на друга студиска програма, односно од една на друга единица на Универзитетот
  • донесува Правилник за издавањето на дипломи, додаток на дипломи, стручниот, односно научниот назив и други документи за завршени студии на високо образование и за условите и постапката за одземање на издадената диплома, со согласност на Управниот одбор
  • донесува Правилник за начинот на кој се вршат стручно-административните работи од заеднички интерес на единиците на Универзитетот, со согласност на Управниот одбор
  • ги утврдува работните обврски на вработените и утврдува принципи за уредување на работните односи на вработените што изведуваат високообразовна, научна и уметничка дејност, со согласност на Управниот одбор.


Сенатот врши и други работи утврдени со Законот за високото образование и со општи акти на Универзитетот.